Oд даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на УЈП Елена Петрова, кажа дека согласно 30 ноември годинава, во по основ на даноци и придонеси во државниот буџет се собрани 3,97 милиони евра, или повеќе од 268 милиони евра во однос на истиот период лани.

Петрова инфомираше дека има пораст на приходите од даноци за 6,5 отсто и пораст кај придонесите за 8,7 проценти во однос на истиот период минатата година.

-Трендови на пораст во однос на лани има и во декември, но уште течат приливите и исплатите од уплатните сметки за даноци. Денеска ги сумираме податоците од вчерашниот ден, даночниот ден за ДДВ и по истекот на месецот ќе ги имаме конечните податоци за цела година, истакна директорката на прес-изјава во Владата.