Од денеска МВР ќе казнува за неносење на заштитна опрема. Ова го најави со денешната објава на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.
„Од денеска се казнува за непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема. Задолжително е носење на маска, марама или шал на устата и носот во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично“, најави Филипче.
