Екипи на струмичкото комунално претпријатие за пет дена собраа и подигнаа 50 камиони отпад од дива депонија на улицата „Антон Панов“, лоцирана на периферијата на градот.
-Местото е комлетно исчистено и сега останува на совеста на граѓаните, посебно на оние кои живеат околу оваа локација, да покажат и докажат дека се еколошки совесни и оти знаат дека не треба секое празно место, нива, или плац да се користи за истурање на смет, градежен шут и друг отпад, велат од ЈПКД „Комуналец“.
Уште еднаш апелираат до граѓаните отпадот од домовите да го пријавуваат на бесплатниот телефонски број 13 110 и истиот ќе биде подигнат во најбрзо можно време.
