Од Европски фронт во национален фронт! Албанските опозициски партии одат на пошироко обединување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европскиот фронт најавува проширување како опозициска коалиција во албанскиот блок. Велат дека на локалните избори ќе настапат со заеднички листи, но и со други партии кои моментално не се дел од коалицијата. Пратеничката на ДУИ, Рина Ајдари, изјави дека се работи на пошироко и поинклузивно обединување. Потврди дека има разговори и со Арбен Таравари, но според неа, сè уште не е познато како се поделени општините меѓу коалициите.

-Ќе бидеме Европски фронт или Национален фронт, наречете нè како сакате, затоа што според ситуацијата во која се наоѓаме, исклучително тешка, со овие злонамерни намери на Владата за воведување на политика на исклучување и маргинализација и на Албанците но и на помалите заедници – во овој момент ни е потребно обединување. Ни е потребно обединување во овој Европски фронт, во овој Национален фронт, за да се амортизира оваа ситуација и за да се бори злото кое се промовира и преку теренска политика и преку политичкиот наратив на сите членови на владата, изјави Рина Ајдари, претеничка на Европскиот фронт.

На новинарско прашање дали преминувањето од „Европски“ во „Национален“ фронт значи реорганизација на коалицијата, пратеникот на Алијансата за Албанците на Села, Илир Демири, изјави дека Европскиот фронт добива поголема форма и се претвора во Национален фронт, за да се продолжи каузата и во државата и за интеграција во ЕУ.

-Сега само добива поголема форма и граѓаните општо ја разбираат опцијата. Нашите гласачи кои не се од македонска етничка припадност, повеќе од 90% се определени за ЕУ. И овде се води само борба на каузи за побрза интеграција во ЕУ или за забавување на интеграцијата. Тоа е разликата, изјави Илир Демири, претеник на Европскиот фронт.

Синоќа, по состанокот на претседателството на ДУИ, партијата соопшти дека едногласно одлучиле да му дадат поддршка на нивниот лидер, Али Ахмети, за да ги интензивира напорите за обединување на сите прогресивни сили – како во Европскиот фронт, така и во Националниот фронт.