Премиерот Зоран Заев денеска повторно е на Илиндеска број 2, откако синоќа не беше изгласана недоверба на Владата.
„Имајќи го предвид, дека тие немаа кворум за целта за која беше поденесено ова прашање, дневниот ред не е изгласан, поради тоа не може да се отвори дебата споре деловникот, околу иницијативата за гласање доверба на Владата, имајќи во предвид дека надминува време, не ни останува ништо друго освен да кажеме дека на Владата не и е изгласана недоверба, и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и должностите кои ги има“, истакна Талат Џафери.
Пратениците од власта и опозицијата не се појавија.
Најтешниот предизвик помина, Владата е спасена. Следуваа честитки.
Вчерашниот четврток беше уште еден од многуте тешки за Собранието.
„Ќе падне Владата“, посочи Џафери.
„Уживај. Окај. Дежурен во касарна кога ќе одиш таму може. Таму има дежурен офицер, таму може да бидете дежурен. Имајќи предвиде дека јас не сум поддржувач на иницијативата и нема да бидам 61-виот тука“, додава Џафери.
„После ќе ви дадам изјава“, истакна Александар Николовски
-Останавте без 61?
Но, од тука, game-change. Пратеникот Кастриот Реџепи го извиси „новото парламентарно мнозинство“.
„Сега доаѓам. На часови бев досега, сега од лице место ќе ја дознам вистината која е“, вели Христијан Мицкоски.
„Имаме само еден фејсбук статус, а немаме ни глас ни физичко присуство на Кастриот Реџепи“, посочи Зијадин Села.
„Секако дека пратениците се за една влада која негува европски, евро-атлански вредности, така што срцето на Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел јас сум длабоко убеден дека токму неговата одлука лежи тука“, додаде Арбер Адеми.
Лидерот Касами го пријави „својот“ пратеник за исчезнат и во полициска станица, а тој самиот објави и видео порака на Фејсбук.
Пратениците од опозицијата, започнаа да го напуштаат Собранието, со најава дека ќе се вратат. А власта, со најава за окрупнување.
„Како што кажав прв пат се со една изјава на господинот Христијан Мицкоски. Еве повторувам уште еднаш. Не само што имаме, туку кажувам дека ова парламентарно мнозинство ќе расте“, порача Јован Митревски.
„Имаме уште еден ден кој ќе остане запишан на црните страници на македонската историја, затоа што денес во Македонија се погази демократијата“, истакна Александар Николовски.
„Сите тие кои ја поддржуваат Македонија интегрирана во ЕУ, кои што го поддржуваат охридскиот договор, преспанскиот договор, добрососедскиот договор се добредојдени во ова парламентарно мнозинство и ќе видите сами само ќе расте и ќе имаме убави две и пол години пред нас за да ги исполните сите програми кои што ги ветивме на парламентарни избори и нека им е со среќа на граѓаните затоа што навистина победи денеска Македонија“, додаде Артан Груби.
Овој развој следуваше откако премиерот по поразот на изборите најави оставка, па се премисли и остана на неопределено време за стабилно парламентарно мнозинство.
