Од кабинетот на Рама за ТВ21: Сарказам со Бугарија и иронија со ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 побара одговор од кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама, во врска со скандалот во Солун, кога Рама на Шолц му го претстави Ковачевски како „премиер на идна Западна Бугарија“, при што одговорија дека тоа било сарказам со Бугарија и иронија со Европската Унија.

„Тоа е сарказам во Бугарија и иронија со Европската Унија. Неформална“, кажаа за ТВ21 од кабинетот на премиерот Еди Рама.

Вчера во Солун пред формалната вечера, додека германскиот канцелар Олаф Шолц се ракуваше со Димитар Ковачевски, од позадина Еди Рама искоментира дека тоа е „премиерот на идна Западна Бугарија“.