Од каде ќе се задолжиме 1 милијарда евра наменети за патишта? Одговара Јанкуловски во Бизнис 21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски најави милијарди евра задолжување, наменето специјално за патишта. Вечерва во Бизнис21, заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски објасни за што станува збор, но притоа не кажа од каде ќе се задолжи земјата во 1 милијарда евра.

„Таа информација ја кажа премиерот, тоа е со неговиот тим работеше, идејата е одлична, се работи за локални, регионални и експресни патишта, која сума би се движела од 500 милиони евра до 1 милијарда евра. На кој начин ќе оди финансирањето, ќе каже самиот премиер, затоа што се работи за инвестициски пакет од 5-6 милијарди евра кои ќе бидат за неколку години“, изјави Јанкуловски.