Салко Букваревиќ, министер во федералната влада на Босна и Херцеговина, почина од последици на Ковид-19 на 53-годишна возраст.
Букваревиќ беше министер за воени ветерани од 2015 година. Бил примен во болница во Сараево минатата недела со проблеми со дишењето и пневмонија.
Неколку дена бил на респиратор, а ситуацијата нагло се влошила.
Поради Ковид-19, хоспитализиран е и премиерот Фадил Новалиќ.
