Од коронавирус починаа осум лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2455 тестирања, а регистрирани се 345 нови случаи на ковид-19.

Починати се 8 лица:

  • Едно лице од Струга (69г)
  • Две лица од Велес (82 и 57г)
  • Едно лице од Битола (82г)
  • Едно лице од Гостивар (70г)
  • Едно лице од Гевгелија (78г)
  • Едно лице од Струмица (81г)
  • Едно лице од Валандово (48г).

Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86494, бројката на оздравени пациенти е 67453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16419.