Од магацин за теписи, до дискотека! – Со фалц лиценца и блокирана сметка организирала настапи?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

МВР и обвинителството од утрово ја чешлаат документацијата во Министерството за економија за дискотеката „Пулс“ од Кочани во која ноќеска се случи страшната трагедија.

Официјалните документи од регистарот на Министерството за економија покажуваат дека – последната лиценца била од 13 март 2023-та со важност од 1 година.

Министерот Тошковски ги потврди информациите на ТВ21 кои ги објави во текот на денот, дека дискотеката немала легална лиценца за работа, а поседувала фалсикувани лиценци издадени во 2024 година, како што кажа под сомнение дека се  издадена на коруптивен начин. Има приведени лица од министерството за економија. За информациите дека за лиценците биле давани по 7.000 евра мито, Тошковски вели:

-Министер споменавте корупција, резултат на корупција и споменавте фалсификат лиценците кои се дадени. Веќе на големо се шпекулира што зборував со некои луѓе во Кочани, за оваа лиценца за една од лиценците биле дадени 7.000 евра како мито. Дали имате Вие сознанија за некакви уплати и на кого, односно која институции?

„Го кажав она што имав да го кажам. Да точни се претпоставките, согласно информациите кои што ги имаме до сега дека и во овој случај како и во многу други случаи имаме мито и корупција. Имаме основи за сомнение дека има мито и корупција и во овој случај. Само сега ќе има име и презиме, ќе има одговорност“, вели Панче Тошковски

Дискотеката била во приватна сопственост, и менувала сопственици во текот на изминатите години. Фирмата постои од 20.05.2020 година и е основана со влог од 300.000 денари околу 5.000 евра. 278 денови е со блокирана сметка од една комерцијална банка во земјава, а блокада за присилна наплата има и од Управата за јавни приходи. Има 8 вработени, а последната 2023 година прикажала минус во работењето од 3.000 евра

Името на компанијата под која се појавува кај УЈП е „ММММ КАФЕ ДООЕЛ Кочани“, а покрај дискотеката имало и кафулеи.

Дознаваме дека даночните инспектори  последно ја посетиле дискотеката во декември лани. Утврдиле фискални неправилности. Била казнета со глоба од 300 евра за правното и  50 евра за одговорното лице, поради неиздавање фискални. Дознаваме и дека Компанијата должи и за ДДВ околу 230.000 денари и има решение за присилна наплата од УЈП.