Од полноќ поскапуваат горивата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Растурена свадба и затворен ресторан во Тетово

Во Тетово вечерва е затворен хотел и растурена е свадба, јавуваат од Државниот пазарен инспекторат, пренесува „Плус Инфо“. Полицијата го...

Коневски: Му посакуваме на Мицкоски што побрзо да оздрави и потоа да даде отчет пред делегатите

Екс градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски го повика сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да даде отчет за сработеното...

Во хеликоптерска несреќа загина пратеникот Оливие Дасо, еден од најбогатите Французи

Шеесет и деветгодишниот француски милијардер, најстар син на Серж и внук на Марсел Дасо, денеска загина во хеликоптерска несреќа....

Четири силни експлозии во Екваторијална Гвинеја, причините непознати (ВИДЕО)

Градот Бата во Екваторијална Гвинеја денеска беше потресен од четири силни експлозии, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на локалните...

Во Лион се евакуирани 4.500 жители поради бомба од Втората светска војна

Бомба од 230 килограми со 150 килограми експлозивно полнење е пронајдена во 9-от арондисман на Лион на градилиште за...

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе поскапат за денар по литар, а за половина денар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена за литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 64,5 денари, а 66 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98. Литар  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  ќе се продава по 55 денари, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 44 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,417 ден/кг и сега ќе изнесува 34,759 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, малопродажните цени на горивата во просек се зголемуваат за 1,28 проценти.

Од РКЕ Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,468 проценти, дизелот за 2,983 проценти, екстра лесното масло за 3,177 проценти и кај мазутот за 1,94  проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,23 проценти.