Од понеделник, системот „Безбеден град“ започнува со работа во охридскиот регион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од понеделник, 12 октомври 2026 година, системот за надзор на сообраќајот „Безбеден град“ ќе биде ставен во функција и на подрачјето на СВР Охрид.

По завршувањето на техничките проверки и тестирањата, камерите на системот ќе бидат активирани на патиштата во ова подрачје.

Според МВР, целта на системот е да овозможи поконтинуирана контрола на сообраќајот, навремено евидентирање на прекршоците и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

МВР ги повика возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и патната сигнализација.