Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 годишна возраст со вакцината на Фајзер.
„Покрај најавата дека од понеделник започнува теренската вакцинација ве информирам дека ќе се дозволи и вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер којашто во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи за деца“, посочи Филипче.
