Од пукната плинска боца опожарен стан во Куманово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради пукната плинска боца, опожарен е стан во Куманово. Интервенирала и противпожарната единица и полицијата.

СВР Куманово наведува дека вчера во 18:14 часот е пријавено дека на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, настанал пожар во станот сопственост на 58-годишниот В.Ѓ. од Куманово.

Интервенирано е со возило, а првичните информации кажуваат дека пожарот настанал од пукната плинска боца.

Фото: Архива