Од среда полициски час?! – Ќе трае две недели од 22 часот до 5 часот наутро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести препорачува полициски час на територија на цела држава од 22 часот до 5 часот изутрина.

Оваа засилена мерка следи откако е зголемен бројот на заразени со корона вирусот. Иако министерот Филипче во изминатите неколку денови изјавуваше дека засега нема потреба за нови рестриктивни мерки, сепак денеска со поинаков став. Вели полицискиот час е потребен за ублажување на ударот врз болниците поради зголемениот број на заразени.  

Додава дека граѓаните не се придржуваат до актуелните мерки. Но, последниот збор ќе го има владата која утре ќе одлучува дали ќе го ограничи движењето на граѓаните. Доколку владата каже Да, од среда се очекува мерката да стапи во сила.

Заменик министерот за здравство Илир Асани вели дека и тој самиот како лекар забележал зголемен притисок од пациенти кои бараат да бидат хоспитализирани.

„Последниве денови имам голем бран интервенции и барања од луѓе кои сакаат да бидат хоспитализирани, но во исто време кои сакаат да бидат префрлени од кумановската болница во болницата во Скопје за натамошно лекување, така што има тренд на агресивен раст на бројките на хоспитализирани во болниците“, истакна Илир Асани.

Предлогот за враќање на полицискиот час следи по зголемениот број на заразени со корона вирусот. Министерот Филипче соопшти дека полицискиот час ќе трае следните две недели и ќе важи за време на викендите.