ТВ21 на местото на почетокот на масакрот во селото Дубона во близина на Младеновац, каде што убиец со автоматско оружје одзеде осум животи, а рани повеќе од 14 лица. Од тука, од училиштетот во Дубона напаѓачот го започнал масакрот.
„Поради новинарска етика, не ви ги прокажуваме трагите од крв кои се присутни тука“, јавува репотерот на ТВ21 од Дубона.
Напаѓачот беше уапсен после осум часа потрага во селото на неговата мајка. И натаму се прават истраги.
Претседателот Александар Вучиќ најави дека овој како и монструмот од Белград, нема да ја видат светлината на денот и нема да излезат од затвор.
