Од утре БЕГ и Скопје север во рацете на ЕСМ, Бектеши уверува- не се намалува времетраењето на греење

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од утре АД ЕСМ ќе раководи со топланата Скопје Север и БЕГ (Балкан Енерџи Груп), со цел граѓаните на Скопје да имаат постојано снабдување со топлотна енергија до крајот на грејната сезона. Вака изјави министерот за економија, Крешник Бектеши кој рече дека вечерва владата ќе одржи седница на која ЕСМ треба да достави Проект договор за соработка со БЕГ за да го преземе менаџирањето со топлотната енергија.

На прашањето за можни рестрикции во снабдувањето со топлинска енергија, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ќе се почитуваат сите правилници и дека греењето ќе продолжи да функционира како претходно. Тој уверува дека греење ќе им а се до 1 часот по полноќ и дека нема да се намали температурата на греење.

Од СДСМ обвинуваат дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не нашле решение за греењето и дека градоначалничката на Скопје се прогласила ненадлежна за овој проблем. Од друга страна од Град Скопје се зачудени од, како што велат, нападите од СДСМ. “Град Скопје и да сака не може да биде одговорно за проблемот со топлинската енергија во градот. Колку и да сака некој да претстави поинаку, одговорноста е во рацете на Владата“ се вели во реакцијата на Арсовска. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ ја создала оваа криза и дека го уништила стандардот на граѓаните.