Од утре полициски час во Македонија, од 21 до 06 часот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска ги објави новите мерки кои Владата ги донесе вечерва во битката за ширење на коронавирусот. Се воведува забрана за движење на сите граѓани на целата територија на земјава или т.н. полициски час од утре (недела 22. март) од 21 часот до 06 часот.

„Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот.

Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час).

Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!

Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата.“, напиша Спасовски.