Од утре скопјани ќе може да го користат реновираниот булевар АСНОМ во населбата Аеродром, информираат од Град Скопје.
„Со бележењето на хоризонтана сообраќајна сигнализација на булевар АСНОМ во општина Аеродром, од утре граѓаните ќе возат по новиот проширен булевар. Град Скопје викендов ја заврши првата фаза од реконструкцијата на овој булевар на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак.“, велат од Град Скопје.
