Од утре се укинуваат пластичните кеси – трговците прашуваат: Каде да го ставиме спанаќот?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Радица Стојанова веќе 20 години се занимава со трговија.

На купувачитe производите им ги пакувала во пластични кеси, но од утре ќе треба да направи промена, поради тоа што стапува на сила новиот Закон за забрана на користење пластични кеси

Од Министерството за животна средина потсетуваат:

„Надоместокот кој треба да го плаќаат крајните корисници за биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и истиот се плаќа на трговецот на местото на продажба (надоместокот е со вклучен ДДВ). Целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „загадувачот плаќа“, велат од министерството за животна средина.

Пластичните кеси се укинуваат со цел заштита на животна средина, а собраните пари од нивната продажба ќе одат во посебни фондови за заштита на средината.

Новиот Правилник за стандардите за биоразградливост е донесен и се очекува неговото објавување во наредниот број на „Службен весник“.