Од утре се враќаат патничките возови од Скопје кон Битола и обратно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од утре се враќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и обратно, информираат од ЖРСМ Инфраструктура, откако беа завршени градежните работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до ровариште „Никола Карев“.

На релација Скопје – Битола ќе сообраќаат возовите 641 (07:06) на 15.7.2026 година и 645 (20:05) на 15.7.2026 година, додека на релација Битола – Скопје: 644 (18:22) на 15.7.2026 година и 640 (03:10) на 16.7.2026 година.