Од вечерва ќе возиме со поскапи горива

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Објавени се новите цени на горивата од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Регулаторна одлучи да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати за еден до 1,5 денар.

Цената на бензинот Еуросупер БС-95, Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 1 денар по литар, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 за 1,5 денари.

Малопродажната цена наМазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 ден/кг.

Од вечер на полноќ бензинот Еуросупер БС-95 ќе чини 65,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 67,5 денари за литар, а Еуродизел (Д-Е V) за 56 денари за литар.

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе биде 45 денари за литар, а мазутот М-1 НС 35,396 денари за килограм.