Владата вчера донесе одлука од вечерва до 22 март да биде воведен полициски час на територија на целата држава.
Забраната за движење ќе започне во 22, а ќе трае до 5 часот наутро.
Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за заразни болести поради зголемениот број на новозаболени и хоспитализирани лица од Ковид -19.
Полицискиот час нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, на лицата во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Нема потреба од нови дозволи за движење во полициски час – МИОА ќе ги обнови веќе издадените
- Еве како ќе се движат оние граѓани кои имаат потреба за време на полицискиот час
- ДОНЕСЕНА ОДЛУКА: Полициски час од утре од 22 до 05 часот
