Од вечерва се затвора Дизниленд во Париз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Забавниот парк Дизниленд од вечерва ќе биде повторно затворен, за да се прекине ширењето на коронавирусот, додека Франција се приближува на новите мерки на карантин, кои од 30 ноември ќе стапат на сила по вторпат од почетокот на пандемијата.

Ројтерс преноси дека тематските паркови на „Дизни“ во Хонгконг, Шангај, Токио и Флорида ќе останат отворени, со ограничен број на посетители и други мерки кои имаат за цел да го спречат ширењето на вирусот.

Франција од утре воведува нови мерки на карантин на национално ниво, во обид да се сопре ширењето на коронавирусот. Планирано е мерките да останат до 1. декември.

Мерките предвидуваат забрането излегување од дома, освен во случај на купување на основни производи, медицински лекови или вежбања до еден час неднов, а на граѓаните и натаму ќе им биде дозволено да одат на работ, ако е невозможно да се работи од дома.