Одбележување на денот на Свети Кирил и Методиј – Ковачевски: Со тешки одлуки го заштитивме македонскиот јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Северна Македонија го забележува денот на браќата Кирил и Методиј. Главниот настан беше во Охрид каде присуствуваше владиниот кабинет.

Премиерот Ковачевски заедно со делегацијата положија цвеќе кај споменикот на Св. Кирил и Методиј.

Историчарите го оценија како историски ден, спомнувајќи ги разните временски периоди од 9-тиот век.

Активностите продолжија во охридски Плаошник каде беше и првиот европски факултет каде браќата Кирил и Методиј биле наставници.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека Македонија поминала разни и тешки временски периоди за да го зачува и заштити македонскиот јазик.

По повод 24 мај, во нашата земја се одржаа и други историски и културни настани. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ сама си организираше прослава на Денот на сесловенските просветители исто така во Охрид со изложба, свечена церемонија во црквата Св.Софија и трибина за делото на Светит браќа, Кирил и Методиј.