Oдите во Хрватска? Полицијата се огласи со важни информации!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата најави акција за овој викенд низ цела Хрватска насочена кон зголемување на безбедноста на патиштата и спречување на сообраќајни несреќи.

Затоа ќе преземат зголемени активности насочени кон спречување и санкционирање на најсериозните прекршоци кои се најчести причини за сообраќајни несреќи, таканаречените „четири главни сообраќајни убијци“.

Од петок, 22 август до недела, 24 август, полициските службеници ќе вршат зголемен надзор, со фокус на:

  • непочитување на ограничувањата на брзината
  • возење под дејство на алкохол, дроги и лекови
  • неносење на сигурносен појас
  • неправилна употреба на мобилни телефони при возење

Покрај горенаведеното, полицијата ќе санкционира и други прекршоци што ја загрозуваат безбедноста на патиштата.