Одлагањето на пописот е разумна одлука, смета Маричиќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Мислам дека одлагањето на пописот е разумна одлука“ истакна министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „10 МИНУТИ“ на ТВ21.

Тој вели дека одлагањето се базира на две компоненти.

„Разумно беше да го одложиме, а тоа се поклопи со она што го бараше опозицијата. Се споија и здравствената и политичката причина. Главната цел на Владата и Државниот завод за статистика е да имаме реална слика, ни повеќе а ни помалку од тоа што е. Не треба ова да се сфаќа како на некому некое право му се одзема“, посочи Маричиќ.