Сега е сезона на црешите, па затоа искористете го максимално ова овошје.
Покрај овошјето, многу здрави се и стебленцата од кои можете да подготвите чај за детоксикација.
Тие се одличен извор на витамини А, Ц, Б1, Б2, Б3 и Б6. Покрај витамини, тие содржат антиоксиданти, целулоза, пенктин и органски киселини, поради што се слични во борбата против слободните радикали.
- Штитат од рак
Плодовите од цреша се богати со лутеин и бета-каротен – соединенија за кои е познато дека ги „чистат“ слободните радикали, потврдени причини за рак. Во нив има, исто така и кверцетинот, растителен пигмент од групата флавоноиди.
Според резултатите од бројни студии, ова соединение, поради своите силни антиканцерогени својства, значително придонесува за превенција од карцином. Ако го земеме предвид фактот дека кверцетинот го содржат и медот, јаболката и кромидот, храна што е на самиот врв на листата на најздрави намирници, тогаш оправдано можеме да ги сметаме црешите како непроценливо овошје.
- Ги чуваат срцето и крвните садови
Калиумот сокриен во слатките цреши значително допринесува за здравјето на срцето. Студиите покажале дека консумацијата на намирници богати со овој минерал, може да биде од корист во регулација на крвниот притисок, срцевиот ритам и електричната активност во срцето.
- Помагаат кај воспаление
Црешите се познати по нивната способност да го ублажат воспалението. Истражувачите од Државниот универзитет во Мичиген откриле дека антоцијанините, соединенија кои им даваат црвена боја на црешите, имаат силно антиинфламаторно дејство.
Заклучено е и дека конзумирањето цреши може да помогне против хронични болести како што се гихт, артритис, фибромијалгија (болна мускулна состојба), спортски повреди и многу слични здравствени проблеми.