Одлична гледаност на првиот евро натпревар во Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Воведниот натпревар на ЕП меѓу Германија и Шкотска, на кој домаќините на еврото славеа со 5:1, собра 22,49 милиони гледачи пред германската јавна телевизија ЗДФ.

Оваа бројка ги надмина 17-те милиони гледачи кои ги следеа натпреварите меѓу Германија против Шпанија и Костарика за време на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Во 2022 година, најдобра гледаност од 18 милиони гледачи постигна женската репрезентација во финалето на еврото против Англија.