Одложен судскиот процес против Јово Вангеловски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Судењето против Јово Вангеловски, поранешниот претседател и судија на Врховниот суд, се одложи денеска поради отсуство на судијката која била во изолација.

Вангеловски смета дека е обинет поради тоа што не и исплатил додаток на плата на својата колешка Лидија Неделкова.

„Процесот е во почетна фаа, сега треба да се изведуваат докази на предлог на одбраната, но се одложи денешното рочиште затоа што отсуствуваше судечкиот судија. Верувам дека за јавноста ќе биде иснтересна оваа постапка, бидејќи добро е да се види како се однесува оштетената во оваа постапка, бидејќи против неа се води постапка во судскиот совет. Основа за поведување е токму таа причина поради тоа што нејзе не и се исплатени додатоци на плати. Во кратки црти, ако било кој од вас отсуствува неоправдано од работа, три дена, сигурен сум дека ќе добие отказ. Во случајот нејзиното разрешување е поради тоа, а таа покрај тоа што добила плата, за периодот на неоправдано отсуство бара додатоци на плата. Тоа е апсурд“, рече Вангеловски.