Одложена санацијата на мостот „Близнак“, нема да се реализира денешното затворање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нема да се реализира денешното најавено привремено затворање на мостот „Близнак“, откако е одложена планираната санација на заштитната ограда.

Од ЈП „Улици и патишта“ информираат дека активностите кои требаше да се изведуваат денеска се одложуваат.

Поради најавената санација, мостот требаше да биде затворен за сообраќај во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

Од претпријатието посочуваат дека дополнително ќе биде определен нов термин за изведување на работите.

Јавноста навремено ќе биде информирана за новиот датум и времето на реализација на санацијата.