Одобрен обвинителниот акт против Антонио Милошоски и неговиот татко за купената зграда со измама и за нарачата лустрација на судија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советот за оценка на обвиниенето, во целост го одобри обвинителниот акт против Антонио Милошоски и неговиот татко за купување на зграда со измама, односно за случајот познак како „Моќник“.

„Предметот кој е оформен по одобрениот обвинителниот акт согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија за понатамошно судење и по насрочување на главната расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“, соопштуваат од судот.

Обвинението беше поднесено од Скопското обвинителство, превземајќи ги истрагите од поранешното СЈО, а предметот го водеше обвинителката Фатиме Фетаи.

Поднесен е и обвинителен предлог против 10 лица за истиот предмет. Сите 13-мина се товарат за вмешаност во нелегална продажба на објект во село Ижишта (Општина Македонски Брод), кој го користела општина Пласница.

Двајца од обвинетите се обвинети дека сториле Измама, а третообвинетиот Милошоски, Измама и Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 од Кривичниот законик, каде најниската казна е 5 години затвор.