Одредени институции не ја почитуваат правичната застапеност – според Зибери, меѓу нив има и неколку судови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Согласно извештајот на Народниот правобранител за 2021 година, одредени институции не го почитуваат начелото за правична и соодветна застапеност. Насер Зибери вели дека и покрај укажувањата, сепак некои институции не презеле никаков чекор за подобрување на состојбата.

А во однос на вработувањата во институции по етничка припадност, заклучокот на омбудсманот е дека помалите заедници имаат ист процент на застапеност во однос на минатата година.

Зибери ги повикува надлежните институции да воспостават систем за имплементација и квалитетно вработување, каде нема да се дозволуваат злоупотреби при креирање годишни планови за вработување во јавниот сектор.