Официјално: Авионот со фудбалерите ќе слета во Приштина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авионот со фудбалската репрезентација од Тбилиси ќе слета во Приштина. Поради намалената видливост на аеродромот во Скопје, авионот е пренасочен во косовскиот град, јавува репортерот на ТВ21 кој се наоѓа на скопскиот аеродром од кафе официјално властите наредија авионот да биде пренасочен поради слаба видливост.

Авионот со играчите требаше да слета во 02:15 часот, меѓутоа поради неможност да се приземји во Скопје, ќе слета во Приштина, од каде играчите со автобус ќе бидат вратени во нашиот главен град.

Екипата на ТВ21 останува на терен, и оди на ГП Блаце, каде ќе ја чека експедицијата на Македонија, која синоќа обезбеди пласман на Европско првенство со победата над Грузија.