Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Хернандес, е назначен за нов тренер на „Каталонците“. Барселона деенска потврди дека официјално, Чави се враќа во таборот како прв тренер после шест години откако го напушти тимот и играше и работеше во Катар.
Во последните години Чави беше тренер на Ал Сад.
Тој доаѓа на местото на Роналд Куман кој доби отказ од Барселона по слабите резултати и хаосот кој го направи со екипата.
Чави доаѓа во Барселона во миговите кога тимот „живее живот без Меси“ кој замина во ПСЖ.
Најавени се засилувања во скоро време, а се шпекулира со имињата на Дани Олмо, Едисон Кавани и Рахим Стерлинг.
🚨 𝐈𝐓‘𝐒 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋! 🚨
Xavi is coming back! https://t.co/9Cf8AONfWP
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 6, 2021
