Ограбена аптека во Чаир, дошол сопственикот му се слошило и починал

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вечерва во 20.40 час. пријавено е дека во аптека на ул.Џон Кенеди едно лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет.

„Десетина минути подоцна во аптеката дошол сопственикот А. С. (40), на кого, според пријавеното, му се слошило. За кратко време дошла Итна помош и со нивно возило е однесен комплекс Мајка Тереза –Кардиологија , каде од страна на лекар е констатирана смрт“, велат од МВР за ТВ21.