Ограничено движење, карантин, носење маска, одржување дистанца се само дел од новата реалност и начин на живот кој за само неколку месеци ни го наметна пандемијата со корона вирусот. Со денови секојдневна слика ни се затворените молови, продавници. Празни паркови, нефункционални кина и театри. Нормалното ракување, прегратка и бакнување со пријателите веќе подолго време се само слики од минатото. И додека стручните лица бараат начин како да се изборат со овој невидлив непријател, полека почннува да се враќа животот во нормала. Но како ќе изгледа животот после корона вирусот, што највеќе ни фали и дали ваквиот начин на живот ќе стане новиот нормален тек на живеење или ќе им се вратиме на старите навики. На мнозинството граѓани, најмногу им фали слободата и дружбата со пријателите.
„Ми фали слободата. Сакам да се сретнам со моите роднини и пријатели. Навиките со дистанцирањето, поздравувањето без прегратка и бакнување ќе остане еден подолг период“
„Ми фали дружбата со пријателите, заедно шетање во природа. Прво шро ќе направам е токму тоа. Ќе се прошетам со пријателките. Мислам дека ќе се држи таа дистанца и после корона вирусот“
„Слободата на движење ми фали најмногу како порано. Мислам дека ќе ни остане во навика ова држење на дистанца и во иднина“
Унверзитетскиот професор и социолог, Илија Ацески смета дека ова што се случува веќе неколку месеци како последица од корона вирусот ќе остави последици врз граѓаните.
„Ова ќе остави едена трага и однос на човекот дека оној другиот е некој потенцијален на некаква зараза, дека мора да се почитува таа просторна дистанца, но секако дека ќе се одрази кај македонсите граѓаните кога ќе помислат дека треба да бидеме многу блиски за да се доживееме интимно. Тоа ќе остави траги барем во тоа секојдневно однесување“, вели Ацески.
Според владините препораки задолжително е носење маски во јавниот превоз и затворени простории каде што нема можност за држење растојание. Забраната за групирање на повеќе од две лица и понатаму останува во сила.
