Охрид: Диџеј роботот Алшар, креиран од професор доктор Анис Сефиданис

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова е хуманоидниот робот наречен Алшар и е дело на д-р професорот Анис Сефиданис. Роботот е создаден со најновите достигнувања на вештачката интелигенција и е прв од ваков вид на Балканот и пошироко. На роботот работи со години, но во последните 3 години се произведува бидејќи секој дел од роботот е создаден во неговата лабораторија.
Роботот има изглед на човек додека е добро осмислен да комуницира со гестови и изрази на лицето.

Роботот има 6 компјутери од кои добива команди.

Технологијата што ја користел доктор Сефиданис за роботот е многу скапа и современа.

Роботот Алшар е диџеј, има настапувано како диџеј во Охрид на два настани, вели дека луѓето мислеле дека некој му дава наредби од позади, затоа имало луѓе кои ја спуштале јачината на миксетата за да видат дали роботот ќе реагира да се подигне јачината на звукот. Тој рече дека му требало половина година да го обучи роботот да свири со миксови како диџеј, дури диџејот Алшар успеал сам да создаде музика.

Сефиданис ќе го претстави Алшар со покана преку дигитални конференции во Италија, Шпанија итн., а голем е интересот од познати диџеи кои сакаат да пуштаат музика со Алшар во дуо комбинација.