Охрид повторно ќе избира спортист на годината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По неколугодишна пауза Општина Охрид повторно ќе избира спортист на годината.

Според Општина Охрид, постапката ќе започне со избор на најдобрите поединци од областа на спортот за 2021 година. Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид ќе се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови чиешто седиште е во Охрид.

Покрај вообичаените ќе бидат воведени и нови награди, меѓу кои и изборот на спортист/ка – странец и спортист/ка кој настапува надвор од Охрид.

Наградите и признанијата за спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Охрид, спортист/ка – од Охрид кој настапува надвор од територијата на Општина Охрид и спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби ќе се доделуваат на жители на Охрид за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки и спортисти кои настапуваат за спортски клубови на територијата на општина Охрид и надвор од неа. За прв пат ќе биде доделено и признание за спортска легенда – за посебни заслуги во спортот на лице родено во Охрид за промоција, развој и постигнати резултати во областа на спортот.

Право на предлагање на кандидати за изборот на најуспешните имаат спортските клубови и нивните членови, чиешто седиште е во Охрид, како и физички лица. Конкурсот трае до 21.01.2022 година до 13 часот.