Охридската болница се полни – граѓаните се плашат дека нема да има каде да се лекуваат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на заразени со Ковид-10 постојано расте, а поради тоа охриѓани стравуваат дека капацитетите на болницата нема да бидат доволни и дека нема да има слободни места за лекување.

Директорот на охридската болница, Горан Балески вели дека нема место за паника. Според него се хоспитализирани 43 пациенти со Ковид-19 и дека има уште слободни места.

Балески вели дека болницата во Охрид го покрива само охридскиот регион и дека не прима пациенти од другите градови бидејќи, како што вели тој, болницата треба да се грижи за своите пациенти.

Во Охрид бројот на заразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 632, а моментално има 178 активни случаи.