Безвременско музичко патување под магијата на свеќите ќе го донесе „Охридско лето“ на 29 ноември во Македонската филхармонија преку концерт на Камерниот оркестар „Профундис“ и виолончелистот Петар Пејчиќ, кој ќе настапи под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ.
Оваа национална институција ќе ја затвори годината со уште еден постфестивалски концерт на 20 декември во Културниот центар во Охрид.
Ова го најави директорот на Народниот театар „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, кој ја потврди успешната соработка помеѓу оваа културна институција и А1 Македонија како нејзин генерален спонзор.
Партнерството, како што нагласи извршниот директор на А1 Македонија, Методија Мирчев, ја потврдува нејзината посветеност на долгорочна поддршка на културата.
