Охриѓани: Состојбата е неиздржлива – депонијата Буково загадува три децении

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Депонијата Буково во Охрид и понатаму останува нерешен проблем. 30 години околните села се справуваат со чад, тешки миризби отровни материи што ги испушта депонијата. Жителите и понатаму се жалат барајќи решенија од локалните и централните власти, велејќи дека состојбата станала неподнослива.

Пред неколку недели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков рече дека единствено решение е изградба на регионалната депонија во кај Новаци во близина на Битола.

90% од општините никако не успеваат да го решат проблемот со отпадот и бараат долгорочни решенија од централната власт.