Основното јавно обвинителство Скопје, во координација со Министерството за внатрешни работи, презема дејствија во рамки на акција поврзана со детска порнографија.
Од ОЈО Скопје информираат дека се обезбедени наредби за претреси, а полицијата постапува со цел прибирање и обезбедување докази во предметот.
Надлежните институции најавуваат дека по завршување на активностите ќе следуваат повеќе информации за случајот.
