Околу 40 лица беа спасени по денешната експлозија на бензинска пумпа во Рим, изјавија извори од противпожарната служба за Анса.
Според досегашните информации, ниту едно од 21-те повредени лица не е во животна опасност, а само едно лице е потешко повредено.
Силна експлозија се случила на бензинска пумпа на периферијата на Рим, а пожарот избувнал кога пумпата на една од цистерните што носеле гориво на станицата се расипала.
