Околу еден метар изнесува снежната покривка на некои места во планинското Шешково, велат малкуте мештани и оние кои потекнуваат оттаму, а во моментов се наоѓаат во селото.
-Веќе 24 часа врне снег без престан. Се надеваме дека сепак снежните врнежи ќе престанат и дека нема да наврне толку многу за да биде доведена во прашање патната комуникација со градот и доставата на храна за овците и говедата во селото. Засега се надеваме дека се ќе биде во ред, за МИА рече Благој Ангеловски кој потекнува од Шешково и во моментов се наоѓа во селото.
