Оливер Спасовски поднесе оставка од СДСМ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утринава поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ.

Спасовски информираше и дека вечерва ќе учествува на седницата во СДСМ и оти претходно најавил дека новиот мандатар кој вечер треба да биде предложен и избран од партијата треба да си состави нов тим.

Пред неколку дена, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, Спасовски посочи дека не треба да биде дел од новиот тим на СДСМ, односно дека новиот претседател на партијата, Димитар Ковачевски треба да избере нови лица.

Спасовски рече дека 28 години се вложил во партијата и најави дека после 1 јануари ќе каже дали ќе остане во владиниот тим.

„На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим“, порача Спасовски.