Омерагиќ: Македонскиот фудбал има потенцијал, но заостанува во инфраструктурата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалскиот функционер Масар Омерагиќ во интервју за Македонска радио-телевизија отворено говори за состојбите во македонскиот фудбал, предизвиците што следуваат и потребата од реална проценка на квалитетот.

„За да го работиш фудбалот, треба да си го живеел“, истакнува Омерагиќ, нагласувајќи дека искуството на теренот е клучно за разбирање на спортот.

Во разговорот, тој се осврнува на претстојните натпревари против репрезентациите на Шкотска, Словенија и Швајцарија, оценувајќи дека тие ќе бидат вистински тест за капацитетот на македонската селекција.

Омерагиќ признава дека домашниот фудбал се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици, но останува оптимист дека постои потенцијал за напредок.

„Не бегам од вистината, инфраструктурно заостануваме, но верувам дека можеме да видиме колку навистина вредиме“, порачува тој.

Интервјуто ќе биде емитувано денеска во 18:30 часот на МРТ 1.