Омерагиќ: Нема отстапување од подмладувањето, потребно е трпение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, најави продолжување на процесот на подмладување на македонската репрезентација, посочувајќи дека за развојот на младите фудбалери е потребно трпение.

Тој истакна дека во иднина би дал шанса и на уште помлади играчи, вклучително и фудбалери на возраст од 17 и 18 години. Според него, играчите се стекнуваат со искуство токму преку настапи на натпревари против силни репрезентации.

Омерагиќ изрази поддршка за селекторот Седлоски и неговата визија, а најави и активности за привлекување нови македонски играчи од дијаспората. Паралелно, ФФМ ќе работи на подобрување на условите во младинските категории, со цел во наредните години да има подобри резултати и кај младите селекции и кај А репрезентацијата.