Омерагиќ се сретна со претседателот на ФИФА Џани Инфантино

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Масар Омерагиќ, претседателот на ФФМ, оствари средба со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

На средбата се разговараше за идните правци во развојот на фудбалот во Македонија, за кој има поддршка од ФИФА.

Средбата беше остварена во рамки на Самитот на ФИФА во Мајами, за време на светското клупско првенство.

Омерагиќ, истакна дека ФФМ нема да инвестира во празни форми, туку во инфраструктура, односно во терени, осветлување и услови за да се развива фудбалот.

„Нашата визија се мали, но квалитетни стадиони. Не трибини без публика, туку терени, таму каде што почнува фудбалот,“ вели Омерагиќ.