Никако не сме задоволни од работата, посебно во младинските категории, сите тренери и стручни штабови ќе бидат веднаш променети, рече новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ на првиот брифинг со новинари.
Во тимот на Омерагиќ се приклучува и Горан Пандев, легендата на македонскиот фудбал и Интер од Милано со кој освои се, кој беше присутен на брифингот, а ќе се приклучи и Ѓорѓи Христов уште една легенда која играше и во премиер лигата.
